contact@gotvimesofico.mk

27
сеп

Динстани кременадли

Кременадливе кои се топат чоече! 😉 

Ќе набавите кременадли, 6 парчиња. Кога ќе ги купувате ќе го замолите месарот да ги исече со дебелина од околу 2 сантиметри. Сепак се работи за динстани кременадли, припремата не е иста како за скара. 

Јас употребив гусан сад за долго готвење, коњак ми е! Многу си ги сакам овие садови и често ги користам. Доколку немате ваков сад користете тенџере кое има капак и кое е наменето за печење. Тоа се обично оние робусни тенџериња што ги има кај баба дома! :)

Претходно ќе го намастите садот со маслиново масло и 3 лажици путер, одозгора ќе ги наместите кременадлите, а претходно ќе ги зачините со сол, бибер, малку црвен пипер (ама сосема малку), и на крај ќе додадете малку мелен сушен босилок. FIC_0291Постапката е ваква, тенџерето го ставате без капак во загреана рерна на 210 степени, ги печете кратко околу 6-7 минути, чисто колку да се затворат порите на месото, потоа додавате 150мл пиво, покривате со капак и динстате на 185 степени, околу 45 минути, потоа додавате уште 100мл пиво и динстате уште 30 минути, на крај ќе добиете печени кременадли меѓутоа со побледа боја од очекуваната, па така го тргате капакот и печете околу 6-7 минути на 200 степени (со вентилатор). FIC_0296Како додаток на ова јадење спремив тиквички со лук и оцет! Мене топ ми одат. рецептот е лесен. Ги сечете тиквичките на подебели кругчиња, ги пржите од двете страни ги редите во сад, ги наросувате со ситно исецкан лук, додавате малку вински оцет и оп! Сте добиле перфектно мезе уз кременадлите.FIC_0299

Бон апетит! 😉

 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар