contact@gotvimesofico.mk

10
јун

Поширани јајца со Холандез сос

Ова е можеби најдобриот појадок што можете да си го зготвите! 😉FIC_0880

На рингла, во тенџере ставете да се грее вода (околу 2 литра), меѓутоа да не зоврие (степен на топлина пред зовривање), во тенџерето ставете 2 лажици оцет.

Јајцата искршете ги во мали тањирчиња од кои би ги додале во водата. Потоа нежно сипете ги јајцата во водата за да се формираат како облачиња. Е сеа, ним им е потребно кратко време да се зготват, па така ако ги сакате меко варени доволно ќе ви биде околу 1 минута. 

Потоа полека со француска лажица (таа со дупчиња) извадете ги и положете ги врз лепчиња со печена сланина или со говедска пршута. Додадете и некое зеленило доколку сакате.

Холандез сосот го спремате на пареа и тоа во садот на пареа ставете 2 жолчки, малку лимонов сок, сол по вкус и малку бибер, матете со жица и полека додавајте растопен путер. Откако ќе се спојат состојките во структура на сос спремни сте за послужување.

Прелејте ги јајцата со Холандез сосот и сервирајте! 

Убав почеток на денот! 😉FIC_0879

Остави коментар