contact@gotvimesofico.mk

03
мај

Перфектна пица

Долго време ми требаше додека дојдам до одличен рецепт за пица и верувајте ова е најдоброто од стотици рецепти кои ги имам пробано, така да овој рецепт ви крати мноооогу долг пат! 😉FIC_0200Најдобро е да користите статичен миксер (во кој што може да се меси), али и да немате не е страшно. Ќе си месите на рака, ќе ви дојде како тренинг! :)

Во сад за месење (или во садот од миксерот) ставате 500мл млака вода, 50мл сончогледово масло, 10гр свеж квасец (раздробен или растворен во дел од водата), 25гр шеќер, 15гр сол 1/2 пакетче пециво и 1кг брашно. Состојките се месат од 12 до 15 минути во миксер или 20 до 25 минути на рака. Ќе добиете мазно, меко тесто. После месењето оставете го да се одмори околу 10 минути, потоа формирајте го во топчиња по соодветна грамажа (250гр е сосема доволно за нормална пица). Така куглите оставете ги да стасуваат во фрижидер околу 1 час (премачкајте ги со масло и покријте ги со стреч фолија), потоа можете да правите пица. 😉

Секое топче отворете го со раце, доколку не сте испраксирани користете сукало, јас сакам убав дебел венец па работам само со раце. 😉FIC_0193Останатите чекори се веќе ваша желба! Јас премачкувам со квалитетно доматна пасата и редам… :)FIC_0196Во домашни услови печете на 250/300 степени (без вентилатор). Печете кратко, чисто колку да се запечат крајчињата. 😉FIC_0208На здравје! 😉FIC_0214

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар