contact@gotvimesofico.mk

17
јун

Пица полжавчиња

Оние готовите лиснати ми се веќе досадни, али затоа се сетиле да произведат готово лиснато тесто па да можете лесно да бидете креатори на вашите лиснати. Овој не е класичен рецепт туку само мала помош/инспирација за тоа како се можете да го употребите готовото лиснато тесто. FIC_0046Прво, ќе купите лиснато тесто (најчесто е смрзнато). Ќе го расукате до дебелина од 3 милиметри и ќе го премачкате со дупло концентрирано доматно пире, потоа ќе го наредите со  димена сланина (тенко исечена) и на крај ќе го наредите со парчиња (исто така тенко исечени) Ајдамер кашкавал. 

Ќе го изролате и ќе го исечете на парчиња, истите парчиња ќе ги наредите на страна на хартија за печење (во плех за печење). FIC_0020Печете на 200 степени, околу 20 минути.

Резултатот е одлично мезе кое нема да ви одземе многу време. 😉 FIC_0051

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар