contact@gotvimesofico.mk

28
фев

Пенарлија

Пенарлија е класичен струмички рецепт кој почесто се готвел во минатото, но и денес е дел од дневното мени на многу домаќинства. При посета на овој регион имав прилика да научам традиционални рецепти карактеристични за овој дел од Македонија. 

Еден од рецептите е токму овој! Пенарлија се јаде да појадок, за ручек и за вечера, а многу често менува леб.FIC_0619Едноставен рецепт кој е дел од македонската традиција и треба да го зачуваме.

За почеток ќе замесите тесто од 1кг брашно, 1 лажица оцет, 600гр млака вода, 30гр свеж квасец, 1 лажица шеќер и 1 лажица сол. Оставете го да стаса околу 1 час на собна температура.FIC_0592Потоа во чинија на страна спремете 3 изматени јајца со 350гр издробено кравјо сирење. 

Откако ќе стаса тестото извадете дел од него (премесете го) во зависност од големината на плехот во кој ќе печете Пенарлија – плехот треба да го постелете со тесто во дебелина од 1 сантиметар (отворено со сукало). Потоа врз тестото додадете од смесата со јајца и сирење и со прстите притиснете одозгора за ги набиете парчињата сирење во тестото. Потоа покријте го со фолија и така оставете го да стасува околу 40-тина минути.FIC_0595Откако ќе стаса печете на 200 степени околу 20 минути, или додека не добие златеста боја.FIC_0615

Остави коментар