contact@gotvimesofico.mk

14
окт

Зимски сладолед од банана и путер од кикирики

Ми дојде идеја да направам лесен зимски сладолед! Сладолед се јаде и во зима, поготово ваков домашен! 😉

Рецептот е составен само од 3 состојки. 

Во блендер ставете 4 банани, 1/2 шолја путер од кикирики и 2 лажици шеќер во прав. Како спин додадете 4 лажици сок од ананас (оваа состојка не е по желба – не морате да ја додадете). sladoled1Изблендајте додека не добиете густа смеса што наликува на смеса за американски палачинки. 

Сипете ја смесата во мал иноксен контејнер. Можете и во пластичен сад меѓутоа подобро е кога работите во иноксни садови.

Оставете го во замрзнувач преку ноќ и воала! Наредниот ден имате прекрасен домашен сладолед!

Јас го сервирав со карамел одозгора и бело чоколадо во прав како подлога.

На здравје! 😉sladoled3

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар