contact@gotvimesofico.mk

30
јан

Оброк салата

Често ми доаѓа желба за ручек да ми биде само салата… Ама, салата како салата скоро секогаш ми е малку па така морав да смислам начин како од салатата да направам оброк кој ќе ме држи сит доволно долго време. Затоа решив со вас да го споделам мојот одличен рецепт/комбинација за оброк салата! 😉FIC_0490За почеток ќе побарате паста која е мешавина од различни форми на паста (со слична големина и дебелина), за среќа се наоѓа по нашиве маркети, а ако не сакате да ја купувате можете да направите тегла во која ќе собирате остатоци од незготвена паста, па по некое време ќе имате различни форми кои совршено ќе се вклопат во оброци како овој. Исто така е битно кога сме кај пастата да ви повторам дека квалитетот на пастата е многу битен! Квалитетната паста не треба да се лепи, не треба да се распаѓа и треба да се вари за кратко време. Не штедите на паста! 😉FIC_0479Значи ја варите мешавината од пасти, ја прецедувате и полејте ја со 2 лажици квалитетно маслиново масло и посолете ја со прстохват сол, промешајте и тргнете ја на страна да се лади.

Додека се лади пастата, исецкајте 1/3 од глава ајсберг салата, 3 ливчиња од кинеска зелка, 60гр црвен кромид, околу 10-тина маслинки (препорачувам дојранска стара сорта), 1 мал домат и 1 црвена пиперка со средна големина. Потоа во истиот сад додадете 3 лажици пченка и 100гр издробен пармезан.FIC_0484Во друг длабок сад измешајте 1 лажица мајонез, 3 лажици кисела павлака, 1 лажичка ситно исецкан лук, прстохват сол, 3 лажици маслиново масло и 3 лажици бел балсамик оцет. Како пикант нота јас додадов Срирача лут сос (го обожавам) кој сам си го направив лани! 😉FIC_0482Е сеа сосот го истурате во салатата и внимателно мешате да не ја сплескате салатата, надобро е тоа да го направите со две вилушки. Сервирајте ја и како финале додадете лупени семки од сончоглед – топ ми се ми вклопија во целава приказна! 😉FIC_0491Искрено таман ми дојде, дури и Ивана јадеше, а и Максим не остана рамнодушен, јас си имам детенце кое не може да одолее на лукче! :) Значи, оваа количина ви е доволна за двајца + малку ќе можете да споделите со мало човече од година дена. :)FIC_0492

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар