contact@gotvimesofico.mk

08
дек

Паста “Трофи” со бешамел и вргањ

Оваа форма на паста ми е една од омилените! Често ја спремам во комбинација на класичен бешамел и вргањ. Кога имам свеж вргањ користам свеж, кога го немам користам сушен и ќе ви покажам како да го “вратите во живот”. 😉FIC_0182Сушениот вргањ потопете го во млака вода и оставете го да отстои минимум половина час. Откако ќе омекне можете да го исецкате зависно од потребите на сосот. Водата која ќе ви остане од потопените печурки слободно искористете ја во сосот. Оваа течност е одлично “консоме” која е полна со вкус! 😉FIC_0180Во сосиер тенџерче ставете да се растопи 40гр путер (на средно-висока температура), потоа додадете 1 лажица брашно и матете со жица додека не добие боја на светол лешник. Потоа постепено додавајте 450мл млеко додека не ја добиете посакуваната густина.

Откако ќе се зготви бешамелот ставете го на одржување (најтивок оган што ви го дозволува шпоретот по дома).

Пастата секогаш варете ја во голема количина на вода. Додадете една полна лажица сол и оставете ја водата да зоврие. Потоа додадете 220гр паста (доволно за двајца), варете ја околу 12 минути.FIC_0187Во тава на страна ставете ги вргањите да се пропржат за да се потенцира дрвенастата нота која ја носат со себе. Потоа додадете ја пастата (претходно исцедена од водата) и пржете ги заедно, не повеќе од 1 минута на силен оган (постојано мешајќи). Потоа додадете ја водата која ви остана од вргањите. Заедно гответе околу 1 минута и потоа додадете го бешамелот, гответе уште 30-тина секунди и сервирајте. 

Уживајте во овој лесен рецепт, превкусен е! Кај мене дома многу често се готви паста зошто ја обожаваме со жена ми, а и малиот доста добро ја прифаќа! 😉 Поздрав екипа! 😉FIC_0201FIC_0194

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар