contact@gotvimesofico.mk

16
авг

Пене Ригате со бешамел и лук

Поентата во овој рецепт ми е бешамел сосот. Планирам во наредни неколку рецепти полека да ви ги доловам основните рецепти за сосеви од кои произлегуваат сите останати.

Прв на листата ми е бешамел сосот. Немате потреба да купувате павлака за готвење која не знаете како е произведена. Еве ви рецепт како сами да си направите за помалку од една минута и сто пати повкусна! 😉 Плус ако сте ентузијасти можете да си направите количина и да си ја чувате во фрижидер, можете да ја чувате околу една недела.

Пастата ја варите ал денте (како и секогаш), доколку ја преварите нема да поприми од сосот и ќе јадете бљантав вкус.

Во тавче ставате 1 лажица маслиново масло и 3 чешниња лукче, потоа сварената паста ја додавате да се пропржи заедно со лукчето.FIC_0036Откако ќе ја сварите пастата го спремате бешамелот.

Во тенџерче ставате 50гр путер да се растопи и да почне да жуборка, потоа додавате малку мелен црн бибер и 1 лажица брашно.FIC_0024Мешате со жица да се спојат брашното и путерот, сеа имате момент на темен бешамел или светол, темниот има оревест/дрвенаст вкус, ако го сакате таков пропржете го малку подолго за да добие кафеавкаста нијанса.

Французите како припрема за бешамелот користат смеса која се нарекува “Roux” – РУ. Таа е со густина на путер и само ја раствораат со млеко.

Откако ќе завршите со постапката на запржување на брашното додавате 350/400мл млеко (полномасно).

Мешате со жица до посакуваната густина, меѓутоа внимавајте зошто откако ќе се олади сосот ќе стане многу погуст.FIC_0027Е сеа што е поентата во оваа база, доколку додадете бујон (наместо млеко) добивате Велут сос. Многу лесно, многу слично, меѓутоа вкусот се разликува. Пробајте! 😉

На крај ја спојувате пастата со сосот и сервирате, најдобро за конзумација на овој сос е додека е сеуште врел.FIC_0038На здравје! 😉FIC_0044

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар