contact@gotvimesofico.mk

17
јул

Основен рецепт за Американски палачинки

Рецептов ви е база, можете да го билдате како сакате. Ако сакате повеќе палачинки дуплирајте ја дозата итн. Од оваа доза излегуваат 6 големи и дебели палачинки. А рецептот оди вака:FIC_0046Со жица изматете 1 јајце со 1 лажица шеќер, прстохват сол, 1 1/4 шолја млеко, додадете 1 1/2 шолја брашно и 1 пакетче прашок за пециво. Брашното и пецивото поминете ги преку сеалка и се измешајте да се спои, потоа додадете 3 лажици растопен путер и повторно промешајте да се спои. Откако ќе се спои додадете 100гр чоколадни трошки (по можност термостабилни) и 1 лажичка екстракт од ванила.FIC_0037Испечете ги од двете страни и сервирајте ги со банана и мед! Њам! :) FIC_0073

 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар