contact@gotvimesofico.mk

29
окт

Италијански Колач

Едноставен колач кој ќе ви ја врати самодовербата за правење слатки рецепти! :) Одличен на вкус, прекрасен на изглед и топ момент за ненајавени гости! 😉

Потребни состојки:

4 јајца на собна температура

130гр шеќер

120гр брашно

2 лажички ванила екстракт

100гр чоколадни капки

4 лажици џем од кајсииFIC_0093Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 160 степени.
  2. Калап за пандишпан (со жабица) намачкајте го со путер и набрашнете го.

FIC_0084

Со миксер изматете ги јајцата и шеќерот. Потоа додадете ги брашното (преку цедалка) и ванилата. Смесата спојте ја со шпатула за да вметнете воздух во неа. Потоа додадете ги чоколадните капки и промешајте за сегде рамномерно да се наместат.

Сипете ја колач смесата во калапот за печење и печете 25 минути (со вентилатор). Потоа превртете го колачот на решетка за да се лади. Откако ќе се олади премачкајте го со џемот од кајсии и сервирајте го на осмини! Фантазија е! 😉FIC_0097*Јас го украсив одозгора со готов крокант кој се продава по продавниците за слаткарски состојки.

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар