contact@gotvimesofico.mk

11
јан

Лепчињата на баба Драгица

Пази лепчињава на баба Драгица се авион! Ти треба малку слободно време и многу малку состојки! Тоест можеш да им додадеш што и да имаш во фрижидер! Јас им ставив песто и кајмак! Излегоа фантастично! Пази го рецептот сеа…

Замесуваш тесто од 500гр брашно, 300мл млака вода, 1/2 кесичка сув квасец, 1/2 лажичка сода, 8гр сол и 10гр шеќер. Остави го да стаса на собна температура околу еден час и спремно е за работа! 😉

Го премесуваш, го делиш на 40 грамски парчиња, во секое топче додади по 1/2 лажичка песто или кајмак или што и да имаш по фрижидер и истопчи ги да добијат округла форма (внимавајте добро да се затворат од сите страни). 

Потоа наредете ги во плех на хартија за печење, премачкајте ги со изматена жолчка од јајце и посипете ги со што сакате, во оваа ситуација јас додадов ленено семе, сусам и малдон сол – ги направив различни! 😉FIC_0438Оставете ги да стасаат околу 25мин во плехот во кој сте ги наредиле. Потоа ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени (без вентилатор), околу 20-тина минути. 

Добивте врвни лепчиња за мали сендвичиња или едноставно мали лепчиња за пред телевизор! :) На здравје! 😉 FIC_0444

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар