contact@gotvimesofico.mk

24
јун

Мусака од Тиквички

Мусака ко мусака, од компир. Ама мене ми се пријаде малку поразлична. Не измислувам топла вода, само на кратко ќе ви презентирам како сами дома да си направите превкусна мусака од тиквички! Идеме! 

Во големо тенџере ќе ставите да се запржи ситно исецкана голема главица кромид и 6 чешниња лук (исто така ситно исецкани). Откако ќе омекнат им додавате 50мл бело вино. Потоа додавате 1,5кг мелено говедско месо. Ако сакате можете и да убаците ситно сецкана сланина, нема да згрешите! 😉 FIC_0034Го запржувате еднакво месото и му додавате 50мл ворчестер сос, по 10минути му додавате 700мл пасата од домати (во стаклено шише). Се заедно оставате да се продинста и зачинувате по ваш вкус.FIC_0037Тиквиците се од родот на краставици па така се полни со вода. Мора да направите нешто за да се спасите од водата. Не е страшно и да ја ставите свежа, ама ќе треба да ја извадите водата од плехот за да добиете крцкава површина. Како и да е, тиквиците ги сечете на ренде-мандолина (така се вика), јас ги запеков на скара. Доволно ќе ви бидат 4 поголеми тиквички.FIC_0043Го намастив плехот со путер и го редам првиот ред тиквички (густо редење), потоа ставам од месото (може да ставите и малку кашкавал рендан, али тоа е опција), па повторно ред тиквички и се така додека имате доволно материјал за градба! :) FIC_0049FIC_0057Ја ставате мусаката да се пече на 200 степени, откако ќе добие запечен изглед на површината ја полевате со мешавина од јајца и млеко ( 3 јајца и 150мл млеко ) и печете додека не се запече јајцето (околу 12 минути).FIC_0093Сервирате и оставате другите да кажат што сте направиле! 😉
FIC_0112

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар