contact@gotvimesofico.mk

29
окт

Мусака

Станува збор за едно од моите омилени домашни јадења! Обожавам мусака! Тоест сарми ми се на прво место, а мусака на второ место. :) :) :)

Ок, рецептот е лесен и оди вака:

Ќе исечете компири на сплоснати (форма на чипс, само малку подебели) парчиња, не ви кажувам количина од причина што не знам во колкава тава намеравате да готвите, значи потребна ви е количина што ќе ја покрие тавата (во два/три слоја) со која располагате.

Компирот спремен потопете го во вода за да не оксидира.

Во длабоко тенџере ставете ситно исецкан кромид (1 глава) и пропржете го на маслиново масло. Пржете го мешајќи додека не добие стаклест изглед потоа додадете му ситно исецкани 4 чешниња лук и 1кг мелено јунешко месо. Се заедно пржете мешајќи за да добиете растресита смеса. Откако смесата ќе добие зготвен изглед додадете 100мл вода и 100мл доматно пире. Оставете да се динста на тивок оган околу 30мин, доколку е потребно додадете уште малку вода. По 20-тина минути засолете по вкус и додадете мелен бибер околу 1/2 лажичка. 

Плехот кој сте го предвиделе за мусаката намастете го на дното и наредете го со слој компири, потоа растурете третина од смесата за мусака и повторно ставете слој компири. 

И сеа ја ставам трет слој, повкусна ми е! :) Потоа ставате повторно од смесата за мусака и повторно компири. На крај долевате околу 100мл вода и го ставате плехот во рерна да се пече (на 200 степени).

 

По 20-тина минути проверете го дали е потребно уште вода, притиснете со лажица да избие водата на површина. Притиснете за да се навлажнат компири кои се одозгора. По 15 минути полејте ги компирите со смеса од 4 изматени јајца и 100мл млеко, јас додавам и 1/2 шолја сецкан магдонос.

Печете додека не добие златест изглед.

Уживајте.

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар