contact@gotvimesofico.mk

30
јан

Мини сендвичи со печурки

Не постои полабав рецепт од овој! Лесен, едноставен, а многу вкусен! Мерило за сендвичи ми е жена ми, она ги прави најдобрите сендвичи на светот, па така морам да ви признаам дека и оваа комбинација е нејзина, јас сум само извршителот! :) 

Е сеа вака, како и за секој друг сендвич лепчето ви е 60% од работата. Јас набавив одлични лепчиња… крцкави, четири залаци е секое од нив! Авион! :)

Од печурки јас одбрав буковка печурка (свежа), ги ставате во тавче, ги посолувате и додавте путер врз нив, по третина лажичка на 6 места во тавчето. Ги печете 25 минути на 200 степени.

Секое лепче го сечете на половина по должина, на долното лепче намачкајте павлака, па ги редите печените печурки, па врз нив мачкате барбиќу сос, потоа врз сосот ставате млада рукола, а на горното лепче мачкате мајонез, посолувате и поклопувате. Ова не е ни рецепт туку само идеја али како комбинација овие состојки се доволни за овој тип на сендвичи, пробав многу варијанти ама оваа наједноставна ми имаше најдобар баланс. Уживајте! 😉FIC_0500

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар