contact@gotvimesofico.mk

13
фев

Мини Павлова

Овој десерт ни е омилен по дома, често си го готвиме, па решив за денешниов ден да го споделам со вас! На Ивана и е омилен десерт! 😉FIC_0530Ок, во сад за матење ставете 4 белки од јајце (на собна температура), изматете ги додека не добиете пенаста структура, а потоа додавајте шеќер (1 шолја и 1/4 од шолја) малку по малку – цело време матете со миксер за да се растопи шеќерот и да се згусне смесата. Откако ќе добиете цврст снег додадете 2 лажички густин/нишесте, 1 лажичка ванила екстракт и 1 лажичка лимонов сок. Мешајте со лажица додека не добиете хомогена смеса.

На хартија за печење (или силиконска подлога за печење) ставете по 2 лажици од смесата, со тоа што на крај на секое купче направете вдлабнатина со лажицата која би служела да се наполни со крем и овошје. 

Вака спремен плехот ставете го да се пече во рерна на 150 степени, точно 25 минути. 

Откако ќе се оладат прекрасните пуслици наполнете ги со шлаг пена или некој омилен крем што го подготвувате, можете и со инстант пудинг од ванила, а одозгора украсете ги со шумско овошје. Јас употребив смрзнати малини и свежи јагоди. FIC_0529Мислам дека овие павлова тортици се одлични за да ја изненадите саканата личност! 😉 

 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар