contact@gotvimesofico.mk

04
јан

Мини фритата

Кога немате доволно време за класичен оброк, тука е рецептот за фритата! Се работи за јадење/предјадење кое е лесно за правење и ви нуди многу можност за креативност. Можете да ја правите со било кој зеленчук.FIC_0392Во мојот рецепт јас ставив ситно исецкан морков (150гр), пашканат исто така ситно исецкан (100гр), доматно концентрирано пире околу една полна лажица и се заедно го пропржив на маслиново масло. Меѓутоа не пржите класично, туку само кратко, чисто колку да омекне зеленчукот, не мора да биде комплетно зготвен.FIC_0381FIC_0383Потоа земам класични калапи за мафини и ги премачкувам со путер, но немојте да претерате зошто нема што да ги впие маснотиите.

На страна матам четири јајца. Во секој калап ставам по две лажици од изматените јајца, па ставам од пропржениот зеленчук потоа врз него ставам една лажичка песто и врз пестото ставам по една лажичка кисела павлака, на крај дополнувам со изматените јајца.FIC_0384Се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 20-тина минути.FIC_0389

 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар