contact@gotvimesofico.mk

15
фев

Мини Калцоне

Ми се пријаде пица ама поинаку спакувана! 😉 Одговор на ова е Калцоне или Стромболи, јас се одлучив за првата варијанта! :)FIC_0537За почеток ви треба тесто, а за тоа ќе ви треба длабок сад за месење во кој ќе ставите 1кг брашно тип00, 500гр млака вода, 1/3 кесичка сув квасец, 1 1/2 лажичка шеќер, 1 лажица сол, 25мл сончогледово масло и многу љубов! :)

Замесите хомогено, меко тесто (ако е потребно додадете уште 50мл вода). Оставете го тестото преку ноќ во фрижидер. Другиот ден извадете го од фрижидер и оставете го 15-минути да си дојде на себе, потоа поделете го на топчиња во саканата големина и оставете ги да отстојат 15 минути. Потоа расукајте ги, намачкајте ги со концентрирано доматно пире, изрендајте шунка и кашкавал, додадете ситно исецкани свежи печурки, малку оригано, малку сол и маслиново масло, затворете го тестото во форма на калцоне пици, премачкајте ги со изматена жолчка од јајце и наросете ги со семки од сончоглед (како на фотографијата подоле). Наредете ги во плех на хартија за печење и печете ги на 250 степени (без вентилатор) додека не добијат румена боја. FIC_0531Потоа сервирајте ги и послужете ги. 😉FIC_0538Уживајте! 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Павлова

Остави коментар