contact@gotvimesofico.mk

28
мар

Милиброд со чоколадо

Ми се пријаде нешто благо и решив да склопам Милиброд, немам правено којзнае од кога. 

Рецептот оди вака:

Во сад за месење ставете 500мл млако млеко, 1 свеж квасец (квасецот растворете го во истиот сад за да почне да ферментира – користете дел од млекото), 5 јајца, 250мл сончогледово масло, 250гр шеќер, 3гр мелен мастикос зачин (го има по големите маркети), 1/2 лажичка мелено каранфилче, 1 лажичка цимет, 50гр  бело суво грозје, 50гр црно суво грозје, додадете 300-400гр бело брашно, ќе морате да додавате брашно по потреба за да го осетите на рака дали е доволно меко тестото. Не треба да биде тврдо тесто, туку помеко. Јас месев со домашно брашно и ми фати 350гр. Замесете тесто и оставете го да стасува околу 1 час на собна температура.

Потоа поделете го тестото на три еднакви делови и од секоја засукајте кора. Врз секоја кора намачкајте путер (кој претходно е омекнат за да може да се мачка) и наросете ја со сецкано бело и црно чоколадо (околу 200гр бело и црно чоколадо) и јас додадов едно 60гр чоколадирано суво грозје. 

Потоа тестото замотајте го во ролна и исечете го по должина за од секоја кора да добиете по две половини исечени по должина. Вкупно треба да добиете 6 половини исечени по должина.FIC_0642Исплетете две векни милиброд, ставете ги во плехови на хартија за печење, намачкајте ги со изматено јајце и оставете ги да стасуваат околу 45 минути на собна температура. Потоа печете на загреана рерна на 200 степени, околу 30 минути (зависи како ви пече рерната). 

На крај оставете ги да се оладат, наросете ги со шеќер во прав и послужете ги…! Топ работа е Милиброд! :) :) :) FIC_0662

 

Остави коментар