contact@gotvimesofico.mk

20
авг

Мекиците на Станче

Тетка Станче ми вика: е Фичо да ти направам ја мекици да видиш што е врвот…! 

Ајде бе Станче баш да видам! Еј, праење женава мекици ненормални! :) Стварно паѓање во несвест! :) И така од околу почнаа преговорите за да го даде рецептот, ама тетка Станче е тврда жена, не се предава! :) На крај падна договор! :) Еве ви го рецептот за мекиците на Станче, јас ги направив и ми излегоа добри, не беа како нејзините али беа одлични! Верувајте ми од фат до фат има голема разлика. Еден рецепт да го дадеш на тројца, сите тројца ќе ти дадам различен замес. FIC_0012Али рецептот си е тој! :) Кој го бива за месење ќе јаде топ мекици! :)

Значи 1кг брашно го сипате во вангла за месење правите кратер на средината и ставате 1 лажица сол, 1 лажичка шеќер, 1 капаче ракија, 50мл сончогледово масло, 1 коцка свеж квасец (раскршен/раздробен). Додавате 450мл млака вода и правите помек замес. Откако ќе го замесите тестото го оставате да стасува околу 1 час на собна температура. Потоа со лажица го разбуричкувате или како што би рекла Станче: е сеа треба да го избуткаш тестото, уствари да му го расипеш раатот! :)

После го оставаш пак да стасува околу 15 минути. Потоа со рака кинете од тестото, правите топче и формирате мекица (добро би било претходно да ги намрсите рацете), ја спуштате во врело масло на рингла и ги пржите. 

Мекици врв! :)FIC_0018Многу е интересно што рецептот звучи лесно, а уствари зезната работа се мекици! :) 

*Кога стасувате тесто, голема разлика има дали е зима или лето, во лето треба да стасува за побрзо време, а во зима му треба многу повеќе време. Така да не се држите до времето на стасување кое се наведува во рецептот. Раководете се по осет. Стасано тесто треба да се зголеми дупло од претходната големина.

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар