contact@gotvimesofico.mk

18
сеп

Ќофтиња со домашен чипс

Ќофте е институција! Лесно за припрема, а воедно ќе ви откријам како да си направите домашен чипс и тоа песто пати боље од секој купечки! 😉

Прво ќофтињата. Едно ќофте не смее да биде повеќе од 50гр. Па така сами одлучете колку мелено месо ќе ви треба, нели зависно од тоа за колку луѓе ќе спремате. Јас секогаш користам чисто јунешко мелено и тоа најдобро ми е од бут (за ќофтиња).

На смесата и додавам 1 јајце, малку сол и бибер (по желба), 2-3 лажици масло, 1/2 лажичка прашок за пециво, 1 лажица брашно, 40гр многу ситно исецкан кромид, сув магдонос (јас сам си го сушам), малку лук во прав (околу 1/2 лажичка) и ворчестер сос околу 4-5 лажици (и да ставите повеќе не е страшно). 😉FIC_0201Добро ќе ја измесите смесата за да стане лесна за формирање.

Ќе направите ќофтиња и ќе ги оставите малку да отстојат во фрижидер. Додека стојат го спремате чипсот.FIC_0204На мандолина ренде (клизачко ренде) ќе исечете компир (претходно измиен, но не излупен) на кругчиња и ќе го ставите да стои во тенџере со вода, ќе промешате со раце за да се ослободи скробот, потоа ќе ја истурите водата и ќе ставите нова вода (секогаш ладна), уште еднаш ќе ги исплавите и ќе ги исцедите па потоа ќе ги завтикате во влажна крпа. Пржите во загреано масло на 180 степени. Пржите додека не испливаат на површината и не заруменат, внимавајте да не ги изгорите. 😉

Ќофтињата ги пржите во добро загреана тава, поентата во добро ќофте е да се спреми на висока температура за внатрешноста да му биде сочна. 

На крај сервирате со зелена салатичка и свежа црвена пиперка (сеа и е сезоната). 😉FIC_0213На здравје нека ви е! 😉

 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар