contact@gotvimesofico.mk

18
сеп

Супа со ќофтенца

Пред некој ден правев ќофтиња, сеа решив да ги зипувам и да направам супа од слични такви ќофтиња! :) :) :) 

Значи ќе формирате ќофтенца од чисто јунешко мелено месо, во смесата ќе ставите само 1 јајце, сол и бибер. Ќофтенцата треба да бидат помали од една мала лажичка смеса.FIC_0193Во тенџере ќе ставите да се пропржи ситно исецкан корен од целер, 2 моркови, 1/2 главица црвен кромид и 2 чешниња лук (ситно исецкан). Пропржувањето трае кратко, потоа додавате 3 литри вода и оставате да почне да врие, потоа ги додавате ќофтенцата, 40мл доматно пире и 2 коцки за пилешка супа – верувајте, нека биде пилешка, многу добра комбинација е.FIC_0199Се заедно се вари околу 30 минути и супата ви е готова. Одлична е за предјадење! Јас на крај додавам и малку сув магдонос. Топ ми оди! 😉FIC_0218Додајте фиде или кнедли и направете супа за главно јадење! Едноставно и практично, а и многу хранливо! Децата ги обожаваат! 😉 

 

 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар