contact@gotvimesofico.mk

25
дек

Магичен леб

Последниве 6 месеци интензивно работам на разни рецептури за леб. Овој рецепт секогаш сум го скокал од причина што е многу краток. Кога конечно го направив не ми се веруваше каков резултат добив! Ваков леб не сте пробале претходно! FIC_0311Во сад за матење ќе ставите 3 шолји брашно, 1/2 лажичка сув квасец, 1 1/2 лажичка сол и 1 1/2 шолја вода на собна температура. Измешајте се заедно со дрвена лажица додека не се сепарира смесата како во грутки.FIC_0295Потоа покријте со стреч фолија и оставете да стасува 12 саати, а најдобро е преку ноќ. 

По 12 часа загрејте ја рерната на 230 степени, тестото што веќе стасало префрлете го на хартија за печење и предиплете го само два пати.FIC_0305Потоа тестото заедно со се хартијата ставете го во длабоко тенџере (пекач) со капак (најдобро е претходно тенџерето да ви било добро загреано). Печете на 230 степени околу 30 минути под капак, потоа тргнете го капакот и печете уште 10-15 минути. Ќе добиете лепче со многу вкусна и крцкава кора, а внатре меко и полно со вкус. Пробајте и пишете ми како ви излегло. Поздрав 😉FIC_0314FIC_0308

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар