contact@gotvimesofico.mk

23
јан

Печени Јуфки

Интересно е што наидов на слични рецепти, па дури добив и коментар дека во некои делови на Македонија сличен ваков рецепт се наоѓал под името “Млечник”… Не знам како е наречен овој рецепт во минатото, знам дека јас денес ќе ви го презентирам на мој начин, толку е добар што е дури ненормално вкусен! Сме се прејале по дома, едноставно не сакате да прекине…! :) А лесен е, секој може да го направи! :)FIC_0473Прво ќе сварите околу 300гр домашни јуфки, после ќе наредите половина од јуфките во тавче за печење, па врз нив ќе полеете смеса од 300гр кравјо сирење (издробено), 100гр овчо сирење (издробено) и 3 јајца (претходно изматени). Врз смесата од сирење ќе ги ставите остатокот од јуфките. Секогаш кога ставате сирење во рецепт кој се пече гледајте да биде повеќе на кравјо или само кравјо зошто овчото е повкусно, ама ќе се стопи и ќе го снема. Или можете да користите урда измешана со овчо сирење. Сеедно е, како сакате вие, така направете.

Потоа одозгора ќе сипете домашен Бешамел сос.

Велут сос се прави слично како бешамел. Значи во тенџере ставате 1 лажица солен путер да се растопи, потоа ставате 1 лажица брашно (не преполна), откако ќе почне да се пени тоест да се пржи додавате 450мл млеко (или ако сакате можете 450мл бујон – така ќе добиете Велут сос) мешате додека не се згусне. 

Врз бешамелот рендате Овчи кашкавал, ако ви е прејак слободно изрендајте Ајдамер (околу 200гр). Ставате да се пече 20 минути на 200 степени (без вентилатор), потоа пуштате вентилатор и печете уште некоја минута за добиете боја. FIC_0475Откако ќе се испече извадете го да се подолади за да можете да сечете парчиња. Мене искрено поубаво ми беше наредниот ден! :) 

На здравје! 😉

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар