contact@gotvimesofico.mk

27
сеп

Тенки солени кифли

Уште еден рецепт од тефтерот на мајка ми! 😉 Кифли за медаља! :) FIC_0275Состојки и процесот е лесен и оди вака:

1кг брашно

550мл млеко за варење

40гр квасец

2 лажици шеќер

1 лажица сол

1 лажица вински оцет

1/3 лажичка содаFIC_0289Потоа замесувате фино, меко тесто. Го оставате да стасува околу 1 час. Потоа го размесувате и го делите на топчиња со големина од по 40гр, секое топче го расукувате во форма на триаголник меѓутоа краците ги правите што подолги и потенки.

Потоа ролате кифлички и ги ставате во плех на хартија за печење. Потоа ги оставате околу 30 минути да стасуваат во плехот. На крај ги премачкувате со изматена жолчка од јајце и ги наросувате со сол или ленено семе или сончоглед семки. :)

Печете на 200 степени без вентилатор додека не заруменат. Е толку е драги мои, лесно, а вкусно! 😉FIC_0274

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар