contact@gotvimesofico.mk

30
јун

Принцес Крофни

Тесто за принцес крофни ви е истото тесто како за еклери. Се што се менува е формата и кремот. И да бидеме на чисто кремот што ќе ви го презентирам во овој рецепт е модифицран за да биде повкусен! 😉

Во помало тенџере ќе ставите ½ шолја масло за готвење, 1/3 од лажичка сол (прстохват), 1 шолја вода и 1 лажичка путер. Ќе го ставите тенџерето на оган да зоврие, потоа ќе додадете 1 шолја брашно помешано со 1 пакетче прашок за пециво и мешате додека не се формира масно тесто. Ова тесто заедно со тенџерето го тргате на страна да се олади комплетно – во почетокот додека е сеуште топло тенџерето мешајте за да незагори и потоа оставете го да се лади.FIC_0031Додека се лади тестото подгответе го кремот. Јас користев статичен мискер и во садот за миксање ставам 2 инстант пудинзи од ванила, 1 лажичка ванила арома, 600мл млеко, 4 лажици шеќер во прав и 250гр маскарпоне сирење. Оставете го добро да се измати за да добиете цврст крем.FIC_0068Потоа се враќате на тестото за крофните. Додавате 4 јајца, меѓутоа додавате 1 јајце па мешате со дрвена лажица за тестото да го апсорбира јајцето па додавате уште едно јајце. Откако ќе ги додадете сите 4 јајца додавате 1 лажичка ванила арома. Мешате додека не добиете тесто со структура на густ/леплив крем.FIC_0040FIC_0042Ќе намастите плех за печење и со лажица ќе ставите неправилни топки од тестото. Ќе внимавате да има доволно растојание меѓу нив за да не се залепи при процесот на печење (при печење тестото се зголемува за 2 до 3 пати).

Ја загревате рерната на 250степени и печете со вентилатор точно 10 минути, потоа намалувате на 150 степени и печете уште 5 минути.

Многу е важно да не се отвара рерната додека се печат принцес крофните, инаку ќе спласнат.

Откако ќе се испечат ја отварате рерната и ги вадите комплетно да се оладат на собна температура.FIC_0061Потоа ги сечете со нож на половина и ги полните со кремот, на крај ги наросувате со шеќер во прав и ги послужувате.FIC_0099Откако вашите пријатели ќе ги пробаат овие принцес крофни, може само да ве прашаат каде сте ги купиле, на што вие само ќе се насмевнете! 😉

 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар