contact@gotvimesofico.mk

14
јул

Макерончини со четири сирења

Малку поинаков пристап на овој рецепт. Работам со различна комбинација на сирења од вообичаената, експериментирав и излезе феноменален рецепт, па така решив да го споделам со вас! 😉FIC_0028Ќе набавите Макерончини (вид на паста), обично е во пакување од 500гр. Јас готвев за мене и Ивана и доволно ми беа 300гр паста. Ги варам во големо тенџере околу 6 минути. FIC_0013Додека се вари пастата ставам да се приготвува сосот. Решив да одам со различни комбинации на сирења од причина што досадно ми е јадењето да ми е секогаш со исти вкус. Кога ќе се спомне четири сирења или кватро формаџи сите знаеме што ќе добиеме зошто на никој не му текнува дека може да си поигра со комбинации од вкусови. Па така јас одбрав да комбинирам 70гр зреена Горгонзола, 100гр Ајдамер, 80гр зреена Гауда (500 денови) и тврдо кравјо сирење Латерија Валсесина (Latteria Valsassina е полу-тврдо кравјо сирење од не пастеризирано млеко). Сите овие сирења може да се најдат по нашите маркети – се што треба е да разгледате што се нуди во делот за сирења и кашкавали. 😉FIC_0009Во тава на оган ставам 30гр путер да се растопи на средна температура. Откако ќе почне да се загрева му додавам 200мл павлака за готвење и во неа ги раскршувам сите сирења, а можете и да ги изрендате (освен Горгонзолата, зошто е меко сирење). Откако ќе се растопат сирењата ги цедам Макерончините и ги додавам во сосот, ги готвам заедно околу 2 минути за да впијат од сосот. Сервирам само со гранче босилок зошто имам толку многу вкусови во една чинија што нема потреба од додатна декорација. FIC_0023FIC_0027

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар