contact@gotvimesofico.mk

07
јул

Турска супа од леќа

Ова ми е еден од омилените турски рецепти после Лахмаџун! :) Деновиве ќе ви направам и Лахмаџун за да видите за што зборам! :)

Али многу добар рецепт и многу здрав за конзумација…

Ситно ќе исецкате младо кромидче (5 страка).IMG_2784Ќе го ставите да се пропржи во тенџере на 40гр путер. Потоа откако ќе добие стаклест изглед додадете му ситно исецкани 5 чешниња лук и една лажица дупло концентрирано доматно пире.IMG_2787Откако ќе запржите се заедно додавате 2 шолји црвена леќа и 1/3 китка од магдонос, промешувате да се потпржи леќата (иста постапка како кај рижотото) и додавате 1,5л вода со две пилешки коцки за супа.IMG_2791Се заедно варите околу 20-тина минути. Потоа ставате во блендер, додавате малку вода ако е потребно и солите по вкус. Блендате и сервирате со маслиново масло и крутони (потпечени коцкички од леб). 

Одличен ручек! 😉IMG_2794

*Рецептот може да биде посен, само наместо путер користете маслиново масло.

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар