contact@gotvimesofico.mk

06
јун

Лазања Болоњезе

Лазања е зборот што го разбира цел свет! Најбитно е да го имаш правиот рецепт, за тоа сум јас тука! 😉

Ќе идете до месара и ќе купите 800гр мелен телешки рамстек и 200гр мелена димена сланина. Ако нејкат да ви измелат сланина не сте доволно блиски со месарот! :) Шала на страна замолете го или измелете си дома на оние рачните машинки што сите ги имаме од баба! :)FIC_0221Чистото измелено месо или кртината како што љубат да ја викаат македонците ќе ја споите со мелената сланина. Сланината тука ќе ви заврши работа ненормална! :) Нема боље вкус! :)

Е после ќе исецкате 1 голем црвен кромид, 5 чешниња лук, 2 моркови, 1 корен од пашканат и 1 корен од целер.FIC_0224Во поголемо тенџере прво ќе го запржите зеленчукот, па после ќе го додадете месото. Додека се готви се заедно мешајте во континуитет за да се раздвои меленето месо – разбијте ги грутките што ќе се формираат (најдобро е со дрвена лажица). Додадете 40мл Ворчестер сос и 1 лажичка сол.

По Ворчестерот додадете 100мл црвено вино (јас користев Мерло) и гответе додека не испар алкохолот, потоа додадете 1 шише со Пасата од домати – околу 500мл. И мешајте додека не добиете густа смеса за Болоњез. Исто така можете да додадете ситно исецкан магдонос, нема да згрешите.

Ќе намастите плех со путер и на дното ќе ставите доматна пасата. Врз неа ќе го наредите првиот ред лазањи (ќе барате да купите такви што не се готват претходно – на амбалажата пишува “no pre cook”)

Ставате половина од месото и рендате кашкавал, препорачувам Ајдамер.FIC_0229Потоа повторно редите кори за лазања, па повторно од смесата со месо и повторно кашкавал, на крај покривате со кори за лазања и врз корите полевате бешамел сос или павлака за готвење (подобро е со бешамел сос), рендате кашкавал и ја ставате лазањата да се пече на 200 степени од 15 до 20 минути или додека не се запече одозгора.FIC_0235Сервирајте и уживајте! Некои сакаат да ја јадат лазањата со павлака, јас ја сакам без ништо, евентуално салатка некоја. 😉 FIC_0238FIC_0241

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар