contact@gotvimesofico.mk

04
окт

Зачинети лепчиња

Инспирација за овие епски лепчиња ми се магичните зачини на Индија. Пробав неколку пати да избалансирам зачини кои секојдневно ги употребуваме и сетоа тоа да биде скоцкано во форма на лепче…тоест повеќе мали лепчиња! После неколку обиди конечно дојдов до правиот рецепт! Еурека! :)FIC_0374Во сад за месење ставете 340гр бело брашно, 100гр брашно од просо, 60гр интегрално брашно, 4гр куркума, 12гр сол, 10гр шеќер и 2гр лук во прав. Овие состојки измешајте ги со жица за да се спојат. Потоа додадете 30гр путер, 5гр ладно цедено маслиново масло, 100гр јогурт и 160гр млака вода во која ви е растворен 25гр свеж квасец (малку повеќе од половина коцка). FIC_0334Замесете меко тесто и оставете го да стаса околу 45 минути. Потоа размесете го и поделете го на топчиња од 50-60гр секое. Наредете ги топчињата во плехот во кој ќе печете и наросете ги со сушена пченична трева (се продава во сите маркети во делот за здрава храна, или по продавници кои се наменети за здрава храна, таму можете да го најдете и брашното од просо). Доколку не сакате да ги наросите со сува пченична трева, наросете ги со бело брашно. Откако ќе ги направите сите овие чекори засечете ги со жилет за да добијат интересен изглед.FIC_0337Печете на 200 степени (без вентилатор) 10 минути, потоа намалете на 190 степени и печете уште максимум 15 минути – зависи како ви пече рерната. 

Лепчињата се топ! Поготово за мали сендвичи за децата! 😉

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар