contact@gotvimesofico.mk

17
сеп

Крем пита со праски

Идам вчера кај моите и мајка ми ми вика (вика од кујна), Филипе сакаш ли да пробаш крем пита со праски што сум праела?! Ај бе мамо жити се, шо е па сеа тоа!? Носи женава, глеам, пробувам и не ми се верува дека е толку лесен и доволно благ за да биде топ десерт, добро избалансиран… абе врвен чоече! :) И викам идам ја до продавница да купам се што ми треба и да го направиме заедно за да го научам рецептов. Ми вика (и се смее у себе): ајде де, уште си тука?! :)FIC_0183Се враќам со кесите и почињаме!

Прво се спрема едноставен пандишпан. Се матат 5 жолчки и 1 цело јајце заедно со 5 лажици шеќер + 3 лажици сончогледово масло. Додека матите додавате (една по една) 4 лажици врела вода. Потоа спојувате со 6 лажици брашно и 1 рамна лажичка прашок за пециво (пецивото и брашното претходно измешајте ги).

Го печете во намастен плех, 10 минути на 200 степени и уште 5 минути на 180 степени. Откако ќе го испечете не го вадите од плехот.

Втор чекор:

Зовривате 900мл вода со 400гр шеќер ставате да се варат (не повеќе од 5 минути) околу 2кг праски излупени и исечени на резниња. Потоа во 100мл ладна вода растворате 3 пакетчиња пудинг од ванила и го мешате со водата во која се вареле праските. Правите еден вид на пудинг крем. А врелите праски ги редите врз пандишпанот.IMG_3768Во сад на страна ги матите белките од 5-те јајца без шеќер. Кога ќе добиете снег веднаш го спојувате со врелиот пудинг и матите со миксер.IMG_3770Кремот го полевате врз праските и го оставате да се олади, откако ќе се олади кремот ќе се стврдне и ќе можете да извадите убаво парче. Многу лесен колач, а многу вкусен. Башка едноставна припрема! 😉FIC_0190Направете го и пуштете ми сликче да видам како ви излегло! Поздрав екипо! 😉FIC_0180

 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар