contact@gotvimesofico.mk

16
мар

Јасмин ориз со куркума и зеленчук

Ми се најде малку јасмин ориз по дома па решив да склопам рецепт кој е топ ручек за цело семејство! 😉FIC_0003Сварете го оризот (300гр) според инструкциите на пакувањето. Во тавче на страна ставете да се пропржи 1 глава црвен кромид, откако ќе добие стаклест изглед додадете лажица путер. Потоа додадете 1 мал рендан морков, 1 мала црвена пиперка исецкана на кругчиња и пред крај додадете околу 300гр свежи крошни од броколи. По 3 минути готвење додадете го сварениот ориз, малку маслиново масло и 1/2 лажичка куркума, посолете по вкус, промешајте и спремни сте за сервирање. 

Јас одозгора додадов потпечен сусам и сушен копар а како додаток сервирав 1 лажица павлака.

Овој ручек е наменет за оние кои не сакаат многу да останат во кујна, се спрема брзо и е превкусен! :)FIC_0004

 

Остави коментар