contact@gotvimesofico.mk

27
јул

Ајсберг Салата

Седам со Ивана и збориме што да јадеме, а да е малку полесна храна… Ок се договоривме дека ќе биде салата, е сеа како да ја направиме разнобојна, разноврсна и доволно обилна за да биде оброк! Се договоривме, а договорот беше ваков:FIC_0015Склапаме сос составен од 150мл густ јогурт, 1 ½ чешне лукче (ситно исецкано), 4-5 лажици маслиново ладно цедено, сок од ½ лимон и ½ лажичка оригано, се заедно се меша и добиваш дресинг за салатата.

Потоа крупно сецкаме една главица ајсберг зелена салата.

*Ајсбергот е салата која е врста на зелени салати структуирани од листови во ред како марула, се нарекува ајсберг зошто истата ја задржува крцкавоста многу подолго од останатитте зелени салати и кога ќе се раскршела, звукот што го давала потсеќал на пукање на санта мраз, па затоа ја нарекле ајсберг.

Ајсбергот оди како подлога и база на оваа салата, му додавам по 3-4 шери доматчиња исечени на половинки – со шерито ќе добијам блажина на салатата, додавам 2 млади свежи корнишони (ги има на пазар) кои не ги излупив меѓутоа со лажичка им го извадив семето. Тоа го направив зошто најкорисното во краставицата е веднаш под лушпата па затоа доволно е само добро да ја измиете. Семките ги вадам зошто тешко се варат во желудник. Корнишоните ги сечам на полумесеци.FIC_0004Сецкам едно стракче младо кромидче и една пиперка (ако сакате да јадете луто може да ставите лута пиперка – совршено би одела со дресингот од јогурт).

Овие состојки ги ставам врз ајсбергот, наросувам потпечени и излупени семки од сончоглед и полевам од дресингот, меѓутоа секогаш оставам дел на страна за да можам да си додадам кога ќе ми затреба.FIC_0005Е сеа пазете се од оваа салата зошто има свежо лукче во неа па во наредниот дел од денот ќе бидете Веге Крал/ица! ☺

Али ако сте на одмор можете да си дозволите се да си каснете, затоа сте на одмор! Плус лукчето ви го зајакнува имунитетот! 😉FIC_0007

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар