contact@gotvimesofico.mk

21
фев

Медени колачиња (посно)

Добро бе знам дека се денови за постење, што се лутите одма! :) Посните рецепти ми се слаба страна, али ми се наоѓа по некој добар рецепт…! 😉 Еве ви предизвик! Пратете ми некои добри посни рецепти, ќе ги направам, ќе ги постирам и ќе ве тагнам! 😉

Ок, да се вратиме на рецептов за медените колачиња. Рецептот е лесен и оди вака:

Во сад за матење ставете 11 лажици масло, 12 лажици вода, 11 лажици шеќер, 1 пакетче ванилин шеќер, 2 лажици мед, 1 полна лажица цимет, 1 пакетче прашак за пециво и 500гр брашно.

Замесете тесто, оставете го да одмори 15-тина минути. Потоа расукајте го на кора со дебелина од околу 1 сантиметар и со чаша исечете кругови. Потоа, остатокот од тестото премесете го и повторете ја постапката.

Круговите наредете ги на хартија за печење и печете во загреана рерна околу 10 минути (без вентилатор). FIC_0563Откако ќе се оладат наросете ги со шеќер во прав и послужете ги. На здравје! :)FIC_0570

You may also like
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне
Мини Павлова

Остави коментар