contact@gotvimesofico.mk

17
јун

Омилените благи бисквити на Максим

Ми текна вчера ќе правам бисквити малк поинакви од класичните! Малку истражување, дрн, дрн, дрн… најдов неколку рецепти кои ги споив во овој најбоље рецепт на цел свет! 😉

Пратете ме внимателно! 😉

Ќе измерите 100гр несолен путер и ќе го ставите во мало сосиерче на рингла, полека да се растопи. Ќе му додадете 2 лажици маџун од Рогач и 1 лажичка сода раствроена во 3 лажици вода. 

Во друг сад ќе ставите 120гр брашно, 100гр кафеав шеќер, 80гр мусли гранола, кора од еден портокал, 80гр сушен кокос и малку ванила арома.

Потоа влажните состојки ќе ги сипете во сувите состојки, ќе додадете едно мало јајце и ќе измешате за да добиете влажна смеса за бисквити. FIC_0003На плех за печење ќе постелете хартија за печење, ќе наредите од смесата во форма на колачи (мене мерката ми беше една лажица) и ќе ги ставите да се печат на 200 степени, едно 10 минути, или додека не добијат златеста боја. FIC_0006FIC_0030Толку многу се вкусни што ни Максим не можеше да им одолее! 😉FIC_0034

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар