contact@gotvimesofico.mk

02
мар

Домашни “Багел” лепчиња

Се работи за еден од најпопуларните лепчиња на светот, иконата на Њујоршките сендвичи! Багел лепчињата се всушнот многу лесни за правење! После овој рецепт секој ќе може да си ги прави по дома! 😉

Ок, во сад за месење ставете 4 1/2 шолји брашно (ако најдете тип00, користете го), 1 1/2 шолја млака вода, 1 полна лажица сол, 2 лажици сув квасец, 2 лажички шеќер. Замесете тесто и оставете го да стасува во фрижидер најмалку 4-5 саати, а најдобро е да го оставите преку ноќ.

Потоа премесете го и поделете го на топчиња во посакуваната големина, јас ги правев по 85-95гр секое. Потоа со прстот на секое топче направете му дупче во средината и растегнете го да добие облик на мало ѓеврече. 

Ставете на рингла тенџере со вода и почекајте да почне да врие, секое од лепчињата спуштете го во водата и оставете го по околу 1 минута, потоа извадете го и ставете го на хартија за печење – повторете ја оваа постапка со сите лепчиња. Потоа премачкајте ги лепчињата со изматена жолчка и наросете ги со сусам или измешајте семиња, јас ставив и семки од сончоглед – ги обожавам! FIC_0664Загрејте ја рерната на 200 степени и ставете ги да се печат околу 15-тина минути, не помалку. Ќе пазите да добијат златеста боја, а со тоа ќе добијат и магична корка! :)

Тоа е тоа! Пред вас ги имате оригиналните багел лепчиња! :) FIC_0668Се што ви останува е да го исечете по средина, да го намачкате со кремсир и да го наредите со добра пршута! Чоече ништо повеќе не им треба, да бидам искрен додека го пишувам текстов во рака држам такво сендвиче ко на сликава! Бомба е! :) FIC_0673FIC_0671

 

Остави коментар