contact@gotvimesofico.mk

21
јун

Њоки во пикантен сос од маслинки

Њоки е едноставна форма на паста и често се служи со тешки сосеви како што е “четири сирења”  итн. Денес јас ќе ви презентирам многу интересен рецепт со маслинки и чили сос. Маслинки обожавам! :)FIC_0962Е сеа вака, ќе наполните тенџере со вода, ќе ја засолите и ќе ставите да се варат 250гр свежи њоки.

Како знаете кога се варени? Кога ќе испливаат на површината на водата, се варени. – ова правило важи и за домашни њоки! 

Додека се варат на страна во тавче ќе запржите (на маслиново и малку путер) ситно сецкани маслинки заедно со уште поситно сецкан кромид и лук, внимавајте да не е пресилен оганот зошто лукот лесно може да загори.

Потоа ги додавате сварените њоќи и мешајќи ги пржите заедно со зеленчукот. Откако ќе фатат малку боја ќе додадете 100мл млечна павлака за готвење! Засолете и додадете 2 полни лажици чили сос. Мешајте и веднаш сервирајте! На крај одозгора можете да изрендате малку пармезан, супер доаѓа! 

Лутиот сос штелувајте си го по ваш вкус, јас јадам многу луто и њокиве ги направив да горат! :) 

Секако со ова јадење перфектно одговара грч ладна Кока Кола за да ве угаси од лутото! 😉 

На здравје! 

Остави коментар