contact@gotvimesofico.mk

05
јун

Лигњи со лук и магдонос

Летото веќе си врви и се повеќе мислам на морска храна, некако ми е лесна за јадење и многу вкусна, денешниов рецепт е многу лесен, се што Ви треба е добро загреано тавче! 

Лигњите ги сецкате на кругови, претходно ќе ги исчистите од рскавецот и добро ќе ги измиете, можете и да ја излупите црвенкастата ципа доколку ви пречи.

Тавчето го загревате на силен оган, додавате малку масло за готвење и ги спуштате лигњите Ги пржите помалку од минута на многу силен оган, потоа на страна во длабоко тањирче спремете си ладно цедено маслиново масло со рендани 3 чешниња лукче и ситно сецкан магодонос. 

Откако ќе ги извадите лигњите од тавче веднаш спуштете ги во маслото. Тие ќе впијат колку им е доволно од аромата. Оставете ги да постојат околу 1 минути, потоа извадете ги, посолете ги и сервирајте ги.

Препорачувам да ги искркате додека се сеуште топли. 😉FIC_0857

 

Остави коментар