contact@gotvimesofico.mk

27
ное

Фритери

Ми се пријаде нешто меѓу пилешки прсти и бечка шницла! И ми текна на овој рецепт, прв пат го пробав кај еден другар на гости и толку беше вкусен што ми остана врежан во меморија.

Фритери се прават вака:

идете во месара и му викате на месарот да ви извади свински шницли. Доаѓате дома и ги сечете на помали парченца за да бидат приступачни за боцкање! :) Секое парченце го валкате во брашно, па во јајце, па во презла – класично панирање!FIC_0087Ги пржите во загреано масло на 180 степени. Не им треба многу немате потреба да ги препржувате ќе станат суви и тегави. Пржете ги додека не добијат златеста боја, толку им е доволно.FIC_0089Додека се пржат, направете сосче од сенф и мед – топ оди со нив! :) Значи на 3 лажици мед додавате 1 лажица сенф плус 1 лажица вода и матете со жица додека не се спои. Имате сосче! 

Јас ги сакам со пржен кану помфрит, интересен ми е и ако треба да одберам помеѓу обичен или кану, секогаш бирам кану помфрит. Топ е!FIC_0096

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар