contact@gotvimesofico.mk

09
мај

Француска супа од кромид

Ова е еден од најпознатите француски класици, супа од кромид. Позната е во целиот свет меѓутоа потеклото на овој рецепт е со француски корени. 

Ќе набавите околу 8 главици кромид (слободно можете да измешате црвен и бел кромид) и тенко ќе ги исечете на резанци. Исто така ќе исецкате 5 чешниња лук (ситно). Доколку сакате можете да додадете и ситно сецкано младо кромидче (јас додавам). FIC_0100Подготовката на овој деликатес е следна, на рингла ставате длабоко тенџере со маслиново масло и 1 лажица путер, го додавате лукчето и кромидот заедно. Откако ќе омекне кромидот (ќе се глазира), ставате малку црвено вино за да го деглазирате и да го потенцирате вкусот. Динстате околу 20-тина минути.FIC_0103Потоа ќе расукате лиснато тесто. Ќе наполните од супата во огноотпорни садови и ќе прекриете со лиснатото тесто. Не го расукувајте потенко од 3-4 милиметри. Лиснатото тесто го премачкувате со изматена жолчка од јајце и печете на 210 степени, околу 15 минути.FIC_0108Сервирајте!

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар