contact@gotvimesofico.mk

12
јул

Крем Карамел

Нема полесен рецепт за крем карамел од овој! Не можете да згрешите! 😉FIC_0003Се што ви треба е:

  • 10 јајца
  • 11 лажици шеќер (плус шеќер за карамелот)
  • 1 литар полномасно млеко
  • 1 лажица ванила арома

Јајцата ги матите со 11 лажици шеќер, откако ќе добиете пенаста структура ја додавате ванила аромата и полека го додавате млекото (во меѓувреме цело време матите).

Ќе ви бидат потребни чашки/модли (ги има на пазар), оваа доза е за 15 десерти.

На дното ќе им ставите по 1 рамна лажица шеќер и ќе ги ставите на оган да се направи прегорен шеќер. Доколку имате бренер можете да ги изгорите со него. FIC_0008Потоа ги полните чашите со кремот и ги редите во голем плех. Го полните плехот со вода да стигне пред крај од модлите (еден прст пред крај). 

Печете точно 45 минути (не отварате додека се пече) на 200 степени, без вентилатор. Потоа го вадите плехот од рерна црпите со кутлача колку што можете од топлата вода, и додавате ладна вода (иста количина колку што имало топла). Го враќате во рерна уште точно 10 минути. Потоа ја гасите рерната и не ја отварате туку го оставате плехот за да се олади во рерната (најдобро е преку ноќ). Добро е со овој десерт што можете да го чувате во фрижидер 5 до 7 дена. FIC_0006За сервирање само ги одлепувате ѕидовите со тенок нож и го превртувате на чинија. Јас дополнително го декорирав со белгиско бело чоколадо. 😉

 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар