contact@gotvimesofico.mk

18
јул

Полнети печени шампињони

 

Мезе над мезињата! Многу вкусно и лесно за правење…FIC_1032Ќе набавите поголеми шампињони со мало ноже ќе го извадите стеблото и ќе ги издлабите внимателно.

Ситно ќе исецкате говедска пршута (можете и свинска) ќе ја измешате со крем сирење и малку сецкан магдонос. Со оваа смеса ќе ги наполните шампињоните, одозгора врз секое парче ќе ставите малку рендан ајдамер кашкавал, малку маслиново и најбитното малку лукче одозгора.

Ги печете на 200 степени околу 15 минути.

Послужувате додека се топли, нема боље мезе! 😉

Остави коментар