contact@gotvimesofico.mk

18
сеп

Брз рецепт за палачинки

Открив нов рецепт за палачинки кој што е многу лесен и секогаш успева! 😉

Во сад за матење ставаш 4 јајца, 1 лажичка ванила арома, 1/3 лажичка сол, 1 1/2 лажица шеќер, 3 лажици сончогледово масло, 1 шолја брашно, 1 1/2 шолја полномасно млеко и се заедно матиш.FIC_0220Битно е да ви се точни мерките. Матите смеса, ја оставате малку да си дојде на себе и спремни сте за печење. Секогаш печам на средна температура, па така и првата палачинка ми е успешна. :)

Испеков шо испеков палачинки туку сеа како да ги склопам?! :)FIC_0224Решив да бидам едноставен, ги мачкам со чоколаден крем, ставам банана, виткам, одозгора полевам со карамел и чоколадо и прелевам со ванила крем, на крај наросувам со печени лешници, иситнети.FIC_0228Ма дај чоече, чоколадо, банана, карамел, ванила, лешник и се тоа спакувано во палачинка?! Не може да е лоша комбинација! :) :) :) FIC_0233

 

 

 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар