contact@gotvimesofico.mk

06
мај

Далматински прилог

Оваа едноставна мешавина на зеленчуци е многу популарна на овие простори, совршено одговара да се послужи како прилог со риба, може и да оди само како топло предјадење.FIC_0658Пиеш голтка Кока Количка и почнуваш со рецептот! :)

Ќе земете една китка блитва, добро ќе ја измиете и со остар нож ќе ја извадите средишната жила. Потоа неправилно ќе ја исечете блитвата или можете тоа да го направите со раце наместо со нож.FIC_0646Блитвата оди во тавче со маслиново масло и едно до две чешниња лук (цели). Откако ќе се намали дупло во волумен, додавате 2 големи варени компири и со вилушка иситнете ги во тавата, додадете уште малку маслиново и се заедно гответе околу 5 минути.FIC_0653Тоа е тоа! :) Поедноставно не може да биде! 😉 Зачинете по вкус! 😉FIC_0669Сервирајте како прилог со риба или месо или едноставно послужете во длабока чинија како топло предјадење.

Овој рецепт го обожаваат децата па така е подобен да го спремите централно за семејна трпеза.FIC_0663

 

Остави коментар