contact@gotvimesofico.mk

16
мај

Перфектни палачинки

За палачинки постојат многу рецепти. Јас изминатиов период изедов многу палачинки додека дојдам до овој топ рецепт! 😉

Во сад за матење ќе ставите 8 јајца, 2 шолји брашно, 2 лажици шеќер, 1/2 лажичка сол, 3 шолји млеко, 6 лажици несолен путер (растопен) и 1/2 шолја кисела вода.FIC_0284Смесата ќе ја оставите малку да отстои (околу 20-тина минути), потоа размешајте ја за да се изедначи. Ставете тава за палачинки да се загрее на рингла, намастете ја, а остатокот од маснотијата соберете ја со салфетка (збориме за 1 лажица сончогледово масло).FIC_0287Викаат дека првата палачинка никогаш не успева! Јас не се согласувам со тоа! :) Да, со првата палачинка ја учите колк е загреана тавата, меѓутоа потрудете се да ви излезе и првата перфектна! :) Печете кратко од секоја страна – тоа е индивидуално, зависи колку сакате да ви биде испечена палачинката. 😉 FIC_0298FIC_0295

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар