contact@gotvimesofico.mk

28
јун

Кремава потпечена паста

Одлична кремава потпечена паста, не се врзувам за форми на паста битно е да биде паста со цефчеста форма, слободно можете да користите и Пене Ригате. 😉FIC_0985Прво ќе ја разварите пастата “Ал Денте”. Потоа ќе ја ставите во плехчето кое ви е наменето за печење и ќе додадете малку маслиново масло. Ќе промешате за да маслото се распореди врз целата паста. Потоа додадете 150гр млечен крем за готвење и повторно промешајте. 

Откако ќе се подолади малку додадете 3 изматени јајца, мешајте со јајцата за да се распоредат еднакво.

Ставете да се потпече околу 5 минути на 200 степени со вентилатор. Потоа извадете го плехчето, промешајте ја пастата и изрендајте пармезан, додадете уште 50мл павлака за готвење и вратете назад уште 8 минути на истата температура.

Сервирајте додека пастата е сеуште топла.

На здравје нека ви е! :)

Остави коментар