contact@gotvimesofico.mk

02
јул

Сендвич со пилешка крем салата

Сендвичите се повеќе ми стануваат омилена категорија. Кога ќе се каже сендвич сите не асоцира на обичен домашен сендвич со она што се наоѓа во фрижидер. Јас ќе се обидам да го сменам тој стереотип и да ви докажам дека сендвич е институција! :) 

Сендвич може да биде многу повеќе од “фаст фуд” оброк. Постојат милион комбинации на сендвичи само треба да се инспирирате и да ги откриете. Јас ќе ви помогнам околу тоа.

Денес на мени имаме многу интересен сендвич со пилешка крем салата + свежа салата! 

Ќе сварите пилешки стек и ќе го исцепкате на конци (со помош на вилушка), ќе го измешате со 40% мајонез и 60% павлака, ќе додадете околу 1 лажичка сенф и во смесата ќе уфрлите 1 варен морков исецкан на мали квадратчиња и 1 компир со средна големина, исто така исецкан на мали квадратчиња.

Засолете ја по вкус и имате спремна крем пилешка салата, а ако сакате можете да додадете и малку кари, како што реков комбинациите се безброј, јас само ви помагам околу инспирација! 😉

Ќе набавите (или ќе си направите) чијабата лепче, ќе го исчете по должина и две парчиња ќе ги намачкате со крем салатата, врз неа ќе ставите ситно сецкана ајсберг салата кисели краставички исецкани на тенки лентички.

И тоа е тоа! Направете го сендвичот и бидете спремни за утакмицата што следи! 😉 FIC_0996

 

Остави коментар