contact@gotvimesofico.mk

16
окт

Кока Кола чоколаден колач

Кока Кола ми е вкусна за пиење, меѓутоа се запрашав дали можам да направам колач во кој ќе ја вклучам како вкус… Истестирав неколку рецепти и вам ви го презентирам најдобриот од сите! 😉
FIC_0032Во длабок сад измешајте 2 шолји сенаменско брашно, 2 шолји шеќер, 1 лажичка сода, 1/2 лажичка сол и 1/2 лажичка цимет.

Во сосиера ставете 350мл Кока-Кола, 1 шолја путер исецкан на коцкички (со големина од 1цм) и 1/4 од шолја какао. Мешајте со жица додека смесата не проврие.

Потоа оваа смеса додадете ја во сувите состојки што ги измешавте претходно и мешајте додека не добиете хомогена густа смеса.

Во сад за матење изматете 2 јајца со 1/2 шолја млеко и 2 лажици ванила екстракт.

Потоа мешавината од јајца и млеко измешајте ја во густата чоколадна смеса и мешајте со шпатула додека не се спојат. 

Намастете плех во кој ќе го печете колачот и истурете ја смесата во него (смесата ќе ви личи многу течна, меѓутоа не се грижете таква треба да биде) потоа наросете одозгора околу една полна рака чоколадни термостабилни капки. Печете на 175 степени (без вентилатор) околу 35-40 минути.

Откако ќе го испечете колачот треба да има влажна структура. Најдобро е да го послужите додека е сеуште топол и одозгора да додадете една топка сладолед од ванила. Дури и сега кога го пишувам рецептов ми се лачат лиги од што беше вкусен…! :) Њам! На здравје нека ви е! 😉

До следно читање… 😉FIC_0029

 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар