contact@gotvimesofico.mk

15
јун

Домашен Чијабата Леб

Чијабата е леб кој што е доста тежок за правење, али ако го имаш овој рецепт, не е проблем. 

Ќе ви биде потребно:

200гр остро брашно (ако најдете ТИП 00 би било идеално)

5гр сол

15гр свеж квасец

150мл топла вода

3 лажици маслиново масло 

Во помал сад соединете ги солта и брашното – тоа ќе ви биде сува смеса. Во друг поголем сад спојте го квасецот и водата (да биде млака), мешајте за да се растопи квасецот – ова ќе ви биде влажна смеса. Потоа сувата смеса додадете ја во влажната смеса и мешајте со дрвена лажица да се соединат.FIC_0006Ќе добиете лепливо тесто. Во друг сад ставете 1/3 од маслото и врз маслото ставете го лепливото тесто. Покријте го со стреч фолија и оставете го да отстои околу 1 час. Потоа нежно два пати преклопете го тестото (превиткајте го) и оставете го да отстои околу 30 мин. Повторете ја оваа постапка уште еднаш и додавајте по малку од маслиновото за да не се лепи.FIC_0010Потоа извадете го на работна површина, работете внимателно за да не го избиете воздухот кој се направил внатре при процесот на ферментација.FIC_0020Разделете го тестото на два еднакви дела и обликувајте го во форма на чијабата векна. Ставете ги во плиток плех за печење (претходно ставете хартија за печење). И оставете да стои 10 минути. Загрејте ја рерната на 240 степени. Печете ги лепчињата околу 15 минути. За да проверите дали се добро печени превртете ги и чукнете од долната страна – треба да звучи шупливо. Изладете ги на решетка и сервирајте ги.FIC_0027

 

 

 

You may also like
Медени колачиња (посно)
Лепчиња од соништата
Потпечена паста со брокула
Мини Калцоне

Остави коментар