contact@gotvimesofico.mk

07
сеп

Француски крцкави слатки (Choux au craquelin)

Може да се каже дека ова е најслаткото тесто на светот! Толку е добро што од него се прават и еклери. Постапката кај овие колачи е слична како кај еклерите. Тестото е идентично. FIC_0149Рецептот за тестото е следен (првата етапа од рецептот е во милилитри за да биде прецизно точен, така да кога ќе употребувате вага наместете ја на милилитри и се мерете така):

во тенџерче ставате 150мл вода, 150мл полномасно млеко, 8мл ванила екстракт, 7мл бел шеќер, 175мл несолен путер и 3мл сол.

2 етапа: Ставете го тенџерето на да проврие. Потоа тргнете го од рингла и додадете му 160гр  сенаменско брашно. Мешајте со дрвена лажица за да се формира топка, потоа повторно вратете го тестото на рингла и мешајте околу 1 минута.

На страна ќе изматите 5 големи јајца (рачно со жица). Откако ќе се излади тестото (колку да можете да го допрете без да ве изгори), етапно (на 3-4 пати) му ги додавате јајцата и мешате со дрвена лажица или со шпатула. FIC_0026 2Потоа тестото со текстура на крем го полните во слаткарски шприц и го оставате на собна температура. FIC_0011Сега доаѓа моментот кога го спремате крцкавиот дел – што е втор дел на овој рецепт.

Заедно ќе измешате 1/3 од шолја омекнат путер, 7 лажици кафеав шеќер, 3/4 од шолја сенаменско брашно. Ќе формирате мрсна смеса која со сукало ќе ја истенчите измеѓу стреч фолија. ќе добиете вид на бисквит тесто. Ќе треба да го истенчите на дебелина од околу 3-4 милиметри. Потоа ставете го на даска во замрзнувач да се стегне околу 15 минути за да можете да го сечете и формирате.

Исечете го на еднакви коцкички.

На хартија за печење со слаткарскиот шприц направете топчиња со димензија од околу 3-4 сантиметри. Врз секое топче ставете од коцкичките од бисквит тестото. Вака нареден плехот ставете го да се пече на 190 степени без вентилатор околу 18 минути. Додека се печат никако не ја отварајте рерната. FIC_0151Потоа наполнете ги со крем по ваша желба и сервирајте ги!

 

Остави коментар